Вело Патешествие: Разговор со Мартина

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

18:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На денот кога се кројат лозниците и тоа во вечерите кога виното се налева за да искаже љубовта, во Педала разговараме со личноста чија љубов кон точакот е толку голема што може да се каже дека е интоксицирана од точакољупство…
Мартина Николовска ни доаѓа специјално од Битола. Со неа ќе поразговараме околу нејзината голема авантура која ја направи ова лето, од Белград до Хамбург со точак, поминувајќи 1924 километри во 11 дена. Паташествие за пофалба. Но исто така ќе разговараме и за секојдневните авантури која таа ги вози на Баба планина, до Пелистер, и по Пелагонија. Ако сте сакале да ја прашате од каде толку енергија и мотивација да вози точак толку многу, сега е моментот.

За авантурите на Мартина и бројните слики од велосипедските патешествија и лете и зиме, може да ѕирнете на нејзиниот инстаграм https://www.instagram.com/_m.nikolovska/.

Овој четврток, 14 февруари 2019 година во Педала од 19:00. Една поинаква инспирација за вашето следно Вело патешествие или кураж вие да бидете следни да пренесете некакво искуство на ВЕЛО ПАТЕШЕСТВИЕ во Педала.

*Социјалниот велосипедски центар Педала е поддржан во дел од ЕУ и ЦИКП преку Смарт Старт проектот.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија