Вело патешествие. Разговор со Мац: 7 дена точак – 7 врва

Датум на почеток:

12.07.2018

Време на почеток:

18:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Марјан Киндалов – Мац ќе ни раскаже како го одбрал најкраткиот пат од Скопје до Битола со точак и при тоа искачил пешки 7 врва:
Тргнал од Скопје накај Битола на точак, па пеш го качил Љуботен.
Продолжил за Битола, до Шапка, па пеш го качил Титов Врв.
Се упатил кон Битола преку Маврово и таму го качил Кораб.
Одејќи за Битола, поминал од Битуше, па се поткачил до Крчин.
На пат за Битола, застанал во Вишни, и тркнал до Црн Камен.
Испедлал до Охрид кон Битола и нагоре преку Галичица, па погледнал двете езера од Магаро.
Си тргнал накај Битола, и застанал на Пелистер.
После 7 дена, стигнал Битола.
Докажал дека сите патишта и сите врвови се на пат за Битола.
Мац, инаку, сака предизвици, па затоа решен е на оваа средба да постави еден предизвик на кој ќе можете да му се приклучите.

Овој петок, 7 декември 2018 година во Педала од 19:00. Легендарна инспирација за едно следно Вело патешествие, или окуражете се вие да бидете следни да пренесете некакво искуство на ВЕЛО ПАТЕШЕСТВИЕ во Педала.
Надвор ладно е, ама имаме топол чај.

*Социјалниот велосипедски центар Педала е поддршана во дел од ЕУ и ЦИКП.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија