Вело Патешествие: Источна Македонија, со Ранте

Датум на почеток:

11.09.2018

Време на почеток:

18:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПЕДАЛА започнува со нова серија настани: ВЕЛО ПАТЕШЕСТВИЕ, посветени за љубителите на велосипедските авантури.
Овие настани ќе бидат во облик на презентации и работилници поврзани со велосипедски авантури и велосипедски експедиции а со цел да се разменат искуства меѓу велосипедистите, но и да се поттикнат други да се впуштат во некоја велосипедска авантура.
На овие настани најверојатно ќе дознаете за:
– патишта кои треба или не треба да ги одите;
– опрема која ви треба или не ви треба да ја понесете;
– трикови и совети како да направите нешто;
– гостопримливоста на луѓето по патиштата;
– нешто, што можеби немало да ви текне.

Како прва презентација во рамките на ВЕЛО ПАТЕШЕСТВИЕ го имаме Ранте – Бојан Ранташа, кој ќе раскажува за неговото последно патешествие низ Источна Македонија, направено овој ноември 2018 година. Ранте го знаете по неговите авантури кои ги презентираше на Ехо: Авантурата до Марибор и назад преплетена со многу храна и планини во 2014 година; и По патот Виа Егнација во 2015 година. Тој сега ќе сподели искуство од Источна Македонија со посебен осврт на спецификите на возење велосипед при услови на екстремни температурни разлики на топли денови и ладни вечери.

Бидете овој петок, 9 ноември 2018 година во Педала. Инспирирајте се за едно следно Вело патешествие, или окуражете се вие да бидете следни да пренесете некакво искуство на ВЕЛО ПАТЕШЕСТВИЕ во Педала.

*Социјалниот велосипедски центар Педала е поддршана во дел од ЕУ и ЦИКП.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија