Тура Преку Слива #2

Датум на почеток:

10.04.2015

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Втора по ред велосипедска прошетка по Прилепско-Мариовско предел на Селечка планина.

Рута – http://www.strava.com/routes/1501566

Тргнување од центарот на градот – Плоштад Александрија. Се упатуваме кон с.Волкосело и с.Чумово. Пауза правиме на Параклисот Св.Петка-Карпата над с.Штавица. После превојот Слива спуст до с.Бонче па продолжуваме кон Кралската гробницата на археолошкиот локалитет „Павла Чука” http://mk.wikipedia.org/wiki/Подмол

Искачуваме до с.Марул и се спуштаме до с.Штавица – Праисториско светилиште „Палатица”
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=327151636288&id=9&setIzdanie=23431

– Секој учесник треба да има технички исправен планински велосипед.
– Секој учесник вози на сопствена одговорност и задолжително е носење на заштитна кацига.
– Сите учесници настапуваат на сопствен ризик односно организаторот не презема одговорност за постапките на учесниците со кој би се загрозиле себеси или друите учесници.
– За малолетни лица потребно е придружба од родител-старател.
– Напред возат лица со рефлектирачки елеци и строго е забрането возење пред лицата што ја водат групата и делење од обележаната патека..

Освежителните пијалаци и ручекот се бесплатни и ќе бидат обезбедени за секој учесник. Организаторот го задржува правото за одредени измени на трасата на движење.

Фотографиите од турата ќе бидат употребени за промоција и објавени на нашата страна. https://www.facebook.com/groups/532651173414044/?fref=ts

Информации на тел. 075 439 741 Душко

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија