Тур де Галичица 2015

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

По втор пат се одржува настанот: Тур де Галичица. За тие што беа првиот пат многу добро се запознаени со теренот, убавите предели и гостопримноста од нас. На Вас оставаме да не посетите повторно и оваа година во уште поголем број за добра дружба и уживање. Тура од 71 км горе – долу. По падините на Галичица со 35 км офроад пат. Прекрасни пејсажи, и погледи на езерата Преспанско и Охридско.
Тргањето ќе биде од Ресен (од кај јаболкото) па се упатуваме кон Стење, од таму ја качуваме Галичица т.е скијачки терени, и продолжуваме кон офроад пат кој завршува дури на патот за с.Болно и за наредни 2км завршуваме во Ресен повторно.

Стартниот пакет ќе изнесува 200 денари а, во него ќе има: Вода, житарки, енергетски пијалок, освежителни пијалоци, добро познатата ресана, “Јаболчело” најдобриот сок од јаболка и превоз на ранците со џип до скијачките терени т.е од почетокот до крајот на искачувањето на асфалт од 35 км ќе сте ослободени од товар на грбот.
Се надеваме на добра дружба и многу забава. Саботата за тие што ќе бидат ден порано од турата се планира да има и диџеј на отворено со поглед на езеро!

ПРИЈАВУВАЊЕ ТУКА 

Еве линк од целата тура што ќе се вози: http://www.bikemap.net/en/route/2947774-tur-de-galichitsa/

Сите учесници настапуваат на сопствен ризик.
Со стартување учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе ниту кон другите учесници.

Забрането учество на малолетни лица, освен во присуство на родител или старател.

Опрема: за учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед.

Телефон за контакт: Кристијан 078/254443.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија