Скопје на точак 2019

Датум на почеток:

11.03.2019

Време на почеток:

10:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Под покровителство на Град Скопје а во организација на Сојузот на спортови на Скопје на 03.11.2019- недела со почеток во 11.00 часот ќе се одржи првиот велосипедски настан СКОПЈЕ НА ТОЧАК. Информации се достапни и тука:
www.skopjenatocak.mk

Овој велосипедски караван нема натпреварувачки карактер. Се вози со диктирана брзина од 20км/ч, предводен од Полицијата и организаторот.
Патеката на движење е следна:
Старт- Булевар Илинден кај фонтаната Лотос, правец на движење кон Сити мол. Се врти лево по улица Љубљанска и се вози право по ул. Московска до Студентскиот дом Гоце Делчев. Кај домот се врти лево, по улица М.Т.Гологанов и се вози право до католичка црква, се продолжува по М.Т.Гологанов, право по улица Димитрие Чуповски, право по Бул. 11 Октомври до семафорите кај Црвен Крст на Р.М. каде се врти лево по Бул. Кочо Рацини се вози право преку мостот по Бул. Крсте Петков Мисирков. На семафорите кај Мавровка се врти лево и се вози право по Бул. Гоце Делчев, преку мостот Гоце Делчев, се приклучуваме на бул. Илинден и завршуваме на стартот, кај Фонтаната Лотос во Градски парк.
ПРОГРАМА:
11.00-12.00- поделба на стартни броеви- лепенки за велосипед
12.00 Старт на караванот
12.30 Крај на караванот
12.35-13.00 Лотарија
13.00-13.30 Велосипедски дружења.
Награди за лотарија:
– Велосипеди
– Велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови
РЕГИСТРАЦИЈАТА Е БЕСПЛАТНА но задолжителна.
Повеќе инфо на
www.skopjenatocak.mk

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија