Самостојни вело трки на ултра дистанци

Датум на почеток:

12.12.2018

Време на почеток:

19:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Во изминативе две години, тројца наши пријатели учествуваа во три велосипедски трки на ултра дистанци – каде што возачот не смее да има никаква поддршка од страна (т.е. треба се’ самостојно да организира, почнувајќи од логистика како сместување, храна и слично, па се’ до грижа за своето здравје и здравјето на својот велосипед за време на целото возење).
Минатата година, Тина Нестороска и Горан Арсовски учествуваа во Трансконтиненталната трка, која беше со должина од околу 4000км и имаше почеток во Белгија, а целта беше во Грција, а оваа година најпрво Игор Талевски учествуваше на трката низ Хрватска со должина од околу 1400км, а потоа тој и Горан учествуваа на Нордкап4000 – трка долга околу 4300км, која почна во Италија, а целта беше најсеверниот дел на Норвешка.
Која е нивната инспирација и мотивација? Како течат подготовките? Што се случува за време на трките? Каква опрема користат? Исхраната?
Одговори на овие и други прашања ќе можете да добиете од Тина, Игор и Горан за време на нивната презентација на 12 декември, во кафе-барот Котур, со почеток во 20 часот.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија