Планинска велосипедска трка „Трофеј Ѓорче Петров 2013“

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

29 Септември 2013, с. Кучково, општина Ѓорче Петров, Скопје
Старт: Излетничко место Крстот (9.00 ч)
Цел: Излетничко место Крстот
Церемонија на прогласување на победниците во 15.00 ч

Втората Планинска велосипедска трка Трофеј Ѓорче Петров 2013 е од натпреварувачки карактер во елит машка и елит женска, како и хоби класа и ќе се реализира на територијата на општина Ѓорче Петров и општина Сарај, односно на ридско планинските предели на планината Жеден кои се наоѓаат на територијата на споменатите две општини.

Стартот и целта на трката се на излетничкото место Кртстот во село Кучково, а трасата поминува над село Кучково, односно се движи по следниот правец:
– Излетничко место Крстот
– кон југозапад во близина манастирот Свети Илија
– северно кон Фармата на Диме
– северозапад кон платото Чашка
– на запад кон рудникот Радуша
– север – североисток кон границата со Косово
– исток – југоситок кон платото Чашка
– исток кон пределот од вулканско потекло во близина на Грачани
– југосток – југ кон Кучково (излетничко место Крстот). Вкупно 24 км и располага со атрактивни пејсажи..
Целта е на излетничкото место Крстот.

Маратонот во елит конкуренција (мажи и жени) ќе се вози 3 (три) круга, хоби класата ќе вози 1 (еден) круг.

Стартот и целта се лесно достапни од локалните патишта и имаат доволно ширина и должина за собирање на поголем број на учесници во трката, а има доволно простор за придружни активности (простор за достава на прихрана и освежување на учесниците), помошни средства (тенди, чадори, клупи), паркинг простор за логистички возила за трката (товарно возило за пренос на велосипеди, медицинско возило, полициско возило, возило за медиуми) како и за публиката на трката.

По должината на патеката ќе бидат поставени 5 контролни пунктови поставени на поголема широчинка каде велосипедистите би добиле освежување и прихрана, а предвиден е простор и за рекламирање на спонзорите и организаторите на трката.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=lynjSGKy42Y&feature=share] [video:http://www.youtube.com/watch?v=rVI_VeAz2ew]

Автор

Дејан

Скопје

Македонија