Пехчево на точак 2019

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани пријатели, велосипедисти, планинари, љубители на природата,
Со големо задоволство по втор пат во организација на ХОТЕЛ ГОГОВ, го најавуваме настанот #ПехчевоНаТочак2019 за 18 Мај !
Повторно со истата цел, да го разбудиме авантуристичкиот дух, да поттикнеме дружење, создавање нови пријателства, да ги истражиме и доживееме убавините на пехчевската природа и малешевијата!

#ПехчевоНаТочак2019 започнува со СТАРТ на 18 Мај во 09:00 часот од плоштадот во Пехчево од 1000 метри надморска височина.
За секој учесник, за во ранец ќе биде обезбедено сендвич, вода, овошје, енергетски пијалок, магнезиум и маица за возењето на турата.
Патеката е одбележана со соодветни планинарски знаци и табли и во првите десетина км имаме прилично тешко искачување од 790 метри до бачилото под врвот Кадиица, каде ќе биде првиот пункт за освежување.
Погледот во вториот дел од патеката, кон малешевските села, ливади и шуми е фантастичен и патеката е со поблаго спуштање и завршница исто така на плоштадот, на центарот во Пехчево, каде ќе има коктел забава со музика во живо обезбедена од хотел Гогов.
Може да учествува секое полнолетно лице кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински терен, со соодветна опрема.
Велосипедската патека е 27 км со вкупна висинска разлика која треба да ја совладаме од 1150 метри и може да ја погледнете на следниот линк:
www.wikiloc.com/mountain-bik…/pehcevo-na-tocak-2019-36031892
Највисоката точка која ќе ја достигнеме е 1790 метри.
Секој учесник во турата, вози на сопствена одговорност, според своите можности и е лично одговорен за евентуалните несакани последици, а секој што отстапува од предвидената патека за возење, тоа го прави на сопствен ризик и одговорност.
Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците.
Останатото е обезбедено од хотел Гогов и останатите спонзори на настанот.
Го задржуваме правото за измени на турата, предизвикани од објективни новонастанати фактори.
Пријавувањето е во наредните 10 денови на следните телефонски броеви:
078/416-950 Антонио или
078/441-437 Душко

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија