„Педала“ работилница за справување со дупнати гуми
Датум на почеток:
23.02.2020
Време на почеток:
17:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Дупната гума, тоа е просто ко грав.
Дупната гума не е причина за да купите нов точак.
Дупната гума не е причина за да престанете да возите точак.
Дупната гума нема да ви го расипе денот, зошто вие нема да дозволите.
На „Педала” работилницата за справување со дупнати гуми ќе научите:
Како се лепи дупната гума.
Како се менува внатрешна гума.
Како се вади и става тркало.
Како се мести надворешна гума.
Каков алат ви е потребен.
Како да се снајдете кога го немате потребниот алат.
Работилницата е предвидена да трае 2 часа, од 19 до 21 часот и при тоа секој да проба по најмалку еднаш секоја процедура.
Бројот на учесници е ограничен на 5 лица. Затоа побрзајте да се пријавите.
Учеството е на принцип: прв пријавен – прв услужен.
За оваа работилница препорачано е да дојдете со вашиот точак, да понесете дупната внатрешна гума и лепенки. Алатот го имаме во „Педала”. Доколку немате нешто од погоре наведеното, ние ќе ви обезбедиме.
Препорачан алат за справување со дупнати гуми е:
Пумпа
Лепенки
Лепак
Шмиргла
Креда
Хеблички
Пинцета или игла
Кофа со вода
Крпа
Течен сапун или сјај
Пудра или талк
Учество на работилницата е 200 денари, додека само 140 денари за „Педала” членови на Одржливи иницијативи. Средствата треба да бидат уплатени на сметката на Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи” – Скопје на жиро сметка 270-0633931001-39, депонент Халк банка, со назнака: „Учество на „Педала” работилница”.
Пријавувањето на работилницата се врши со испраќање на е-пошта на [email protected] со вашето име и слика од вирманче за извршена уплата.
Во случај на преголема заинтересираност, ќе договориме уште еден/повеќе термини после овој.