Наслов

„Педала“ работилница за справување со дупнати гуми
Локација: 
Педала Њуделхиска 4, 1000 Skopje
Држава: 
Македонија
Датум: 
Петок, 14 Септември, 2018 - 19:00

Контакт

Дупната гума, тоа е просто ко грав.
Дупната гума не е причина за да купите нов точак.
Дупната гума не е причина за да престанете да возите точак.
Дупната гума нема да ви го расипе денот, зошто вие нема да дозволите.

На „Педала" работилницата за справување со дупнати гуми ќе научите:
Како се лепи дупната гума.
Како се менува внатрешна гума.
Како се вади и става тркало.
Како се мести надворешна гума.
Каков алат ви е потребен.
Како да се снајдете кога го немате потребниот алат.

Работилницата е предвидена да трае 2 часа, од 19 до 21 часот и при тоа секој да проба по најмалку еднаш секоја процедура.
Бројот на учесници е ограничен на 5 лица. Затоа побрзајте да се пријавите.
Учеството е на принцип: прв пријавен - прв услужен.

За оваа работилница препорачано е да дојдете со вашиот точак, да понесете дупната внатрешна гума и лепенки. Алатот го имаме во „Педала". Доколку немате нешто од погоре наведеното, ние ќе ви обезбедиме.

Препорачан алат за справување со дупнати гуми е:
Пумпа
Лепенки
Лепак
Шмиргла
Креда
Хеблички
Пинцета или игла
Кофа со вода
Крпа
Течен сапун или сјај
Пудра или талк

Учество на работилницата е 200 денари, додека само 140 денари за „Педала" членови на Одржливи иницијативи. Средствата треба да бидат уплатени на сметката на Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи" – Скопје на жиро сметка 270-0633931001-39, депонент Халк банка, со назнака: „Учество на „Педала" работилница".

Пријавувањето на работилницата се врши со испраќање на е-пошта на pedala@inicijativi.org.mk со вашето име и слика од вирманче за извршена уплата.

Во случај на преголема заинтересираност, ќе договориме уште еден/повеќе термини после овој.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
 
 
 
5
 
6
 
 
 
 
 
 
12
 
13
 
 
15
 
 
17
 
 
 
 
 
 
 
24
 
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
 

На Facebook