Педала Работилница | Основно одржување на Велосипедот

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

10:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Научи како да залепиш гума, да подесиш кочници и брзини и дознај ги основите за вело анатомија, сето тоа користејќи ги алатите и знаењето на #Педала.
Овој пат на отворено во рамките на Цивика Мобилитас „Денот на граѓанските организации” кој ќе се одржи на платото во Старата Чаршија.

На работилницата ќе опфатиме:
1. > Вело анатомија
2. > Подесување на брзини
3. > Подесување на кочници
4. > Поправање дупната гума
5. > Справување со најчести проблеми

* Бројот на учесници е ограничен, а по принципот на прв дојден – прв услужен.

Педала ќе биде присутна за цело време на „Денот на граѓанските организации”, од 10 до 16 часот, каде секој кој ќе дојде со велосипед, ќе може да си го провери велосипедот и да си го подмачка ланецот.

Ви благодариме на вниманието и што успеавте да прочитате се до крај.
Искрено ваши,
Педала.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија