Отвoрање на Социјален Велосипедски Центар – Педала
Датум на почеток:
23.02.2020
Време на почеток:
17:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
На ден Критична маса, 29 август 2018 година, со почеток од 7 часот попладне, Социјалниот велосипедски центар „Педала” официјално ќе биде отворен за точкољупците на Скопје. Локацијата на „Педала” се наоѓа меѓу белите згради позади Веро (2) Тафталиџе, односно спроти Педагошки факултет, односно во комшии на „Добра земја”, на адреса Њуделхиска бр.4, влез 2, локал 4, Скопје. А вашето присуство за лично и одблизу да се запознаете со „Педала” ќе биде особено ценето.
„Педала” веќе некое време ја врши својата работа и веќе прими неколку донации на велосипеди од добри луѓе кои не ги користат веќе велосипедите, за што ние се грижиме да ги средиме и понатаму да ги донираме на некому кому му треба велосипед, а не може да си дозволи. Во „Педала” можете да најдете професионален алат на располагање и слободно да го користите при што имаме стручен надзор за да ви помогне/посочи во работата. А набрзо ќе ги имаме и првите образовни работилници посветени на одржување на велосипед, справување со проблеми со дупнати гуми, справување со кочници, справување со менувачи на брзини, и ред други кои ќе ги објавуваме како ќе се појави потреба. Додека дружбата со други точкољупци во „Педала” на големо е присутна од понеделник до петок, од 4 до 8 часот попладне.
На денот на отварањето на „Педала” ќе се запознаете со доброволците на „Педала” кои ќе бидат на располагање да си поразговарате околу состојбата на вашиот точак, односно да го погледнат во која состојба е, па може и нешто да подобрат.
„Педала” се финансира од членарина на добри луѓе како вас кои сакаат да бидат дел од оваа новина во Скопје и да ги користат и/или поддржат услугите кои „Педала” ги нуди. Регуларна „Педлар” членарина е 1200 денари годишно, за студенти има 50% намалување. Додека за „Педала херои” кои сакаат да овозможат и загрозени лица да имаат бесплатен пристап до „Педала” услугите е 2000 денари. А прифаќаме и групни членарини, односно членарини на фирми и организации.
Почетокот на „Педала” е во дел помогнат од Смарт Старт, проект на Центарот за истражување и креирање на политики, а финансиран од Европската комисија.
„Педала” ве поттикнува, пред да дојдете на отварањето да се приклучите на возењето на Критична маса која тој ден, како и секоја последна сред во месецот, започнува од градскиот плоштад во Скопје од 5 и половина часот попладне.