МТБ МАРАТОН МАВРОВО 2013

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Маратонот и полу – маратонот имаат рекреативно-натпреварувачки карактер

Должина: Маратон 93км

Полу – маратон 42км

Старт: 16.06.2013, 09.00 час плоштад Маврово – под хотел Бистра

Организатор: Велосипедски Клуб Енерџи – Скопје, Национален Парк Маврово, Општина Маврово – Ростуше

Право на учество: Право на учество имаат лиценцирани и нелиценцирани натпреварувачи/учесници, нелиценцирани учесници помали од 18 години може да стартуваат само со дозвола од родител/старател.

Стартарина: Со пријавување до 14.06.2013 за учество на маратонот се плаќа стартарина од 500 МКД, за полу – маратонот 350 МКД. Истата се подмирува директно на жиро сметката на ВК Енерџи или во продавницата за велосипеди Bike Stop. При пријавување на денот на одржување на маратонот и полу – маратонот стартарината ќе биде 800 МКД односно 550МКД. Во цената е вклучено: обележување на патеката, основна техничка поддршка на старт/цел и контролните точки, освежување на контролните точки, награди за првите пет пласирани како и ручек за учесниците.

Стартните броеви ќе се доделуваат на 16.06.2013 од 07.30-08.30 часот

Правила за учество: Натпреварувањето ќе биде спроведено согласно со правилникот на Велосипедската Федерација на Македонија и следниве правила:

– Сите учесници настапуваат на сопствен ризик

– Со стартување учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе ниту кон другите учесници

Временско ограничување за големиот маратон: контролна точка Чавкарник 12:30, контролна точка Лазарополе 14:30

– Организаторот го задржува правото за измена на правилата и пропозициите во било кое време и истите ќе бидат објавени за време на стартот на натпреварувањето

Опрема: За учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед.

Автор

Дејан

Скопје

Македонија