Мистериите на Беласица II (МТБ настан)

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

“Мистериите на Беласица” е настан кој по втор пат го организира велосипедски клуб АКТИВ од Струмица. Повелете на планинска велосипедска дводневна тура на прекрасната и “мистериозна” Беласица и уживајте во незаборавна викенд дружба.

Стартот е од живописното струмичко село Смолари (360 м.н.в) кое се наоѓа во подножјето на планината Беласица), каде пријавувањето и регистрацијата на учесници започнува и трае од 15:00 до 16:00 часот.

* ПРВиот ден возиме дo планинарски дом “Шaренa чешмa” на 1300 м.н.в каде што ќе бидеме стационирани (во домот или шатор – секој по сопствен избор). Овде не чека вечерна журка со Dj Tube и планинско опуштање (кој бил лани – знае 😉 )

* ВТОРиот ден стартуваме во 10:00 часот. Искачувањето е до врв Тумба на 1881 м.н.в, додека на враќање го посетуваме местото наречено “Ѓаволски мост”. Во 16:00 часот сите насмеани, на ручек 🙂

Целата патека е околу 44 километри (напред-назад) и многу важно за во лето и за максимално добра вожња – се вози под сенка цело време.

НАПОМЕНА:

1. Право на учество имаат сите лица над 18 год, додека за помалите е потребна изјава од родител;
– истите треба да имаат исправен планински велосипед и кацига и
– шатор и вреќа за спиење(доколку се одлучат да спијат надвор).

2. Сите учесници да си носат храна и пијалоци со себе.

3. Ќе биде обезбеден превоз за шаторите и ранците. За оние што ќе спијат во домот цената е 600 ден, а за оние во шатори е 400 ден. Пакетот вклучува: мaрaмa со логото на настанот, ручек, редaри + превоз нa рaнците и шaтoрите дo планинарскиот дом.

Ве очекуваме сите со слободен и авантуристички дух да уживаме во една од најубавите и најживописните патеки во Македонија!

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија