Мариово 2014 OFF-ROAD EXPERIENCE 2014

Датум на почеток:

06.01.2014

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ENTER THE WILDERNESS

Велосипедскиот маратон „Мариово 2014″ е еднодневна вело-тура што ќе се одржи во регионот на Мариово на 1 јуни. Маратонот почнува и завршува во селото Манастир и вклучува посета на селата Бешиште, Градешница, Старавина и Зовиќ. Вкупната должина е 49км и се вози по неасфалтиран пат.

Самиот настан вклучува и кампување на отворено. Планирано е оние што се послободни и сакаат да поминат ноќ на отворено да дојдат во петок или сабота (30 или 31 мај) да се запознаат со просторот, да се посети манастирот Свети Никола и околината.

Стартот на долгата тура е предвиден за 10 часот. Групата ќе одмора на неколку точки за да се вози збиено.

Ќе се вози и мала тура од село Манастир до Витолиште, со можност за посета и на селата Бешиште и Полчиште.

И оваа година организаторот добива огромна поддршка од Општина Прилеп.

Сите учесници настапуваат на сопствен ризик. Со стартување учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе ниту кон другите учесници. Организаторот го задржува правото за измена на рутата во кое било време и истите ќе бидат објавени за време на стартот на натпреварувањето.

Забрането учество на малолетни лица, освен во присуство на родител или старател.

Опрема: За учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед.

фото: Александар Колов


А еве како беше 2013 

[video:http://vimeo.com/83845141]

видео: Никола Спасеноски

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија