Критична маса #75:Каков коктел сака Скопје?

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

17:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

-Келнер, еден коктел ако може.
-Каков сакате?
-Каков што ќе се направи сам.

Не, не нарачувате така коктел.
Уште помалку сообраќајните политики во градот ги оставате да си се искомбинираат сами.

Ниту луѓето во Скопје преферираат автомобили сами по себе, ниту луѓето во Копенхаген преферираат точаци сами по себе, Ниту луѓето во Варшава – јавен транспорт сами по себе.
Го преферираат тој превоз зашто градот го направил тој избор да е најбрз и најпрактичен. Обезбедил најдобра инфраструктура за него, вложил најмногу во услови за тој тип на транспорт.

И за пијалокот коктел и за сообраќајниот коктел потребен е рецепт, потребно е внимателно дозирање на состојките.

Каков е рецептот на Скопје?
Рецептот на Скопје е базиран на автомобили.
Во Скопје нема посебни автобуски ленти, во Скопје нема брз јавен превоз (било тоа да е трамвај или bus rapid transit), во Скопје нема организиран автоматизиран јавен велосипедски превоз, а уште помалку може да се размислува за комбинирање на различните типови транспорт.

Во Скопје од широки булевари со 3 ленти во секоја насока со мноогу автобуски линии кои минуваат по нив (пр. Партизански одреди), ниту една лента не е посветена на јавен превоз.
Во Скопје има булевари кои немаат функционални пешачки и велосипедски патеки (пр. Борис Трајковски и Цветан Димов). Има простор за 2 или 3 ленти во насока за автомобили, а има тесно тротоарче за мешање пешаци и велосипеди кое често е окупирано со паркирани возила.
Не мора ни да објаснуваме како е на споредните улици.
Сеопшт паркинг!
Сето тоа е резултат на политички и планерски одлуки, не е коктел кој се создал самиот од себе.

Од донесувачите на одлуки и планерите зависи како ќе биде распределен постоечкиот уличен простор. Она што се гради и планира во моментот не е за сегашните потреби, туку за идниот микс!
Многу често политичарите и планерите кои не гледаат визионерски поаѓаат од тековната ситуација:
-Ах, па имаме само 2% велосипедски сообраќај, нема потреба многу да вложуваме за велосипеди.
-Ах, па луѓето во Скопје преферираат автомобили место јавен превоз, ај ќе вложиме во дополнителни ленти за коли, место во брз јавен превоз…
-Ах, па им фали на луѓето паркинг, греота е да ги симнеме од тротоари…
Ова се тесни размислувања кои го продолжуваат статус квото и кои од градот прават еден коктел од загадување, бучава, метеж, небезбедност, нездрави навики. За среќа размислувањата полека се менуваат, тротоарите се ослободуваат, велосипедските патеки се оспособуваат.
Но можеме и уште подобро!
Потребна ни е визија за поинаков, позелен, пошарен, поосвежителен микс!

И градови со потесни улици од скопските успеале да направат позелени миксови.
Не е до широчината на улиците, туку до приоритетите.
А од нас зависи да кренеме глас! За добар коктел! 😉

Се гледаме во среда oд 19:00 (летно сметање на КМ) на Критична маса #75.

Симболично, оваа Критична маса тргнува од Транспортниот центар (поточно станица на ЈСП, прва 22-ка) кој треба да стане Транспортен центар во вистинска смисла на зборот, мултимодален и интермодален hub, место каде ќе се разменуваат различни начини на превоз: меѓуградски автобуси и возови, градски автобуси и возови, велосипеди.

>>>>> промотивни материјали: http://natochak.blogspot.com/2018/07/75_21.html <<<<<
Рута: http://bit.ly/RutaKM75

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија