Критична маса #74: Дрвјата се наша клима

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

17:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

[блог-пост: http://natochak.blogspot.com/2018/06/27.html]

Жежок летен ден. Сончето пече. Градот асфалтиран гори.

Сцена 1:
Треба да завршам некоја работа низ центар. Пешки сум. На булеваров Климент Охридски некогаш имаше дрворед и пошироки патеки за пешаци. Денес има 6 ленти за коли. Пекол. Жешко, бучно, загадено, непријатно. Нема да одам од тука, ќе свртам одоколу по споредните улички. Некои се прашуваат зошто луѓето не пешачеле и не возеле точак по овој булевар, локалите на него не биле веќе атрактивни… Хм…
Сцена 2:
Возам точак накај Драчево низ Кисела Вода по Борис Трајковски. Овој автопат ни го продаваат под име булевар само зашто имал 4 коловозни ленти, а нема велосипедски патеки, пешачките се минимални и окупирани, нема ни дрвореди. Па велат во Кисела Вода помалку се возело точак отколку во други населби, чудно. Хм…
Сцена 3:
Се враќам од работа. Треба да возам по Партизански одреди од центар кон запад… Температурите над асфалтот се над 50 степени. И на велосипедската патека во моја насока не е поразлично… Имам 3 избора: да возам на пешачката која е цел ден под сенка од дрвјата или да возам на велосипедската од другата страна во спротивна насока, и таа е исто така посвежа од оваа, или пак да возам во точната насока на патеката која е на припек и да ризикувам да ми е лошо… Не им текнало на планерите дека тука цел ден ќе пече сонце… А имале само една работа, да мислат на оние за кои планираат.. Можеле дрворедот да го постават меѓу патеката и коловозот…
——————————————————————–

Како се чувствувате кога пешачите, возите точак, користите автобус во овој град? Постојано во конфликт едни со други (и си се обвинуваме, место да ги обвинуваме оние кои несоодветно испланирале), постојано под опасност од автомобилите, постојано во непријатни услови: стеснети, неугледни, блокирани, непријатни, а во лето, згора нa сè и жешко!

Некаде во светов имаат проблем со снегови и ветрови, ниски температури во текот на голем дел од годината и се борат со подобра облека, ние тоа го немаме. Цела година е пријатно, но во лето го имаме топлото време кое во комбинација со преасфалтираниот град ги подигнува дополнително температурите (ефект на urban heat island). Тоа е предизвикот за Скопје! Како да ги симне температурите за пешачењето и возењето точак да станат возможни и пријатни во жешките лета.

Има огромна разлика меѓу патеки кои се изложени на сонце и покрај кои има дрвореди од соодветна страна. Затоа и луѓето ги бираат вторите, често правејќи и прекршок, само да се спасат од жешкото.
Сметаме дека зеленилото треба да ги следи речиси сите пешачки и велосипедски патеки во Скопје како град многу топол во лето, особено оние патеки кои се изложени на сонце од јужната страна. Зеленилото ни прави пријатна и освежителна сенка, ни одржува пониски температури, подобра влажнот, посвежа микроклима кога пешачиме и возиме точак.
Зеленилото и сообраќајот мора да се планираат паралелно, од самиот почеток на проектот, ако навистина како град имаме визија луѓето повеќе да пешачат и да возат точак. Мораме да планираме мултимодално, да планираме комплетни улици и зелена инфраструктура! (Прочитајте повеќе за тие концепти во блог-постот: http://natochak.blogspot.com/2018/06/27.html)

На дрвјата обично ни текнува во зима кога е загадено.
Но покрај дрвја е убаво и во пролет кога цутат, и во есен кога паѓаат лисјата.
Но дрвјата не се значајни само за естетиката или само за прочистувањето на воздухот и борбата со климатските промени, туку и во регулирањето на микроклимата локално и правењето на градот попријатен за пешачење и возење точак, па и за чекање автобус. Кога сме пешки или на точак немаме оклопи, немаме климатизери, не трошиме фосилни горива за да се ладиме.
Дрвјата ни обезбедуваат сенка, ладовина, свежина.
ДРВЈАТА СЕ НАША КЛИМА!

Затоа и им ја посветуваме оваа Критична маса.
Рута: https://goo.gl/evTokY

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија