Критична маса #38: Саглам паркинг – раат кафе

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

17:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Датум: среда, 24.06.2015
Почеток: 19:00 (летно сметање на КМ), Парк на Франкофонијата
Крај: пред Кинотека
———————————————————————
Блог пост: http://natochak.blogspot.com/2015/06/38_20.html
Промотивни материјали: http://natochak.blogspot.com/2015/06/38.html
Рута: https://goo.gl/SuuSSh
———————————————————————

Ние, кои возиме точак во градов, често се соочуваме со вакви приказни: http://natochak.blogspot.com/2015/06/blog-post_20.html

Кога конечно некако ќе успееме да стигнеме до нашата посакувана дестинација речиси секогаш се среќаваме со проблемот: „Каде ли сега да паркирам?”. Паркинзи за велосипеди скоро и да нема, а онаму каде што ги има се несоодветни… Затоа сме приморани постојано да се снаоѓаме и да импровизираме. Дрвја, огради, сообраќајни знаци, бандери… сето ова ни служи како паркинг. Можноста да паркираме секаде е и голема предност, но често, паркирајќи си го велосипедот на тој начин, и самите им пречиме на останатите. Така, понекогаш нам ни се лутат пешаците бидејќи им го блокираме патот.

Порано паркинзите за велосипеди стандардно се изработувале така што за нив можете да врзете само едно тркало. Токму вакви се најголемиот дел од паркинзите во Скопје (оние малку кои сепак постојат). Нивниот дизајн е непрактичен. Точаците врзани за нив се небезбедни, а да не говориме за тоа дека често настануваат и оштетувања на тркалата. Плус мора да се наведнете, што не е секогаш пријатно. Самото заклучување на точакот на нив е тешко, често едвај дофатно, ако се наместени покрај ѕид и посебно навечер. Прописните паркинзи треба да се високи, а велосипедот да се врзува за рамката. Само го потпирате, без клекнување, го врзувате за рамот и чао. Многу полесно за користење. Денешните тркала се вадат со еден потег за помалку од минута и затоа врзувањето за рамот е многу побезбедно.

Точакот веќе на многумина ни е основно превозно средство. Со него одиме на работа, на кафе, да пазаруваме, на натпревар, во музеј… Затоа е исклучително важно да постојат соодветни места каде што ќе можеме да го оставиме и да не се грижиме за неговата безбедност. Токму јавните институции треба да го предводат овој процес. Министерствата, театрите, музеите треба да покажат дека се отворени за велосипедистите и дека сакаат поубав и почист град. Нивниот позитивен пример несомнено ќе го следат и приватните компании. Кафулињата, рестораните, продавниците и трговските центри ќе добијат многу доколку имаат саглам паркинзи за велосипеди. Нивните посетители и муштерии ќе бидат среќни и поопуштeни и ќе го разнесат добриот глас наоколу. Со насмевка ќе го испијат најубавото кафе во животот под сенката на скопските липи кои мирисаат прекрасно во јуни…

———————————————————————

Од август, минатата година, сите јавни институции законски се обврзани да обезбедат паркинг за велосипеди. За оние кои што допрва ќе се градат, обезбедувањето на простор за велосипеди ќе биде услов да добијат дозвола за градба, а оние кои се веќе изградени, имаат рок до 1.08.2015 да обезбедат.
Нашето искуство низ градов ни кажува дека не сите јавни институции ја имаат исполнето таа обврска.
Со оваа Критична маса сакаме да ги потсетиме да го направат тоа, но не само да го направат „реда ради”, туку да го направат квалитетно. Повеќе за Законот и за потребите на велосипедистите од квалитетен (саглам) паркинг, прочитајте тука: http://natochak.blogspot.com/2015/06/blog-post.html

За повеќе места каде сме добредојдени и на точак!
За повеќе саглам паркинзи за точаци!
Саглам паркинг за раат завршена работа, раат шопинг, раат кафе…
Повеќе паркинзи, поголем поттик за повеќе точаци по улиците.
Повеќе точаци за почисто, поведро, поздраво, поопуштено, по-раат Скопје.

Оваа 38-ма последна среда возиме со таа порака.

Бидете во 19:00 во Паркот на Франкофонијата.
Ја возиме Критична маса #38 по следнава рута:
https://goo.gl/SuuSSh

Ѕрн ѕрн!

*** Секој учесник вози на своја одговорност.

Автор

megalogomed

Скопје

Македонија