Bikes vs Cars – проекција на документарен филм

Датум на почеток:

03.03.2016

Време на почеток:

19:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Bikes vs Cars е американски документарец за велосипедите и нивниот потенцијал како алатка за промена. Го потенцира конфликтот во градовите помеѓу велосипедите, автомобилите и зголемената зависност од фосилни горива.

Филмот зборува за тоа кое е местото на одржливите начини на превоз во политиките и на улица, како градовите се трансформираат во автоцентрични под влијание на различни притисоци и интереси, но и како преминуваат кон мултимодалност поради подигнувањето на свеста во денешно време.

Во ситуација со сè поголеми гужви и нездраво долго време поминато во кола, климатски промени и жртви на улиците, се сфаќа дека не постои град во светот кој квалитетно го решил прашањето на мобилноста базирајќи се само на автомобилот. Се случува промена на парадигмата паралелно на повеќе меридијани во светот. А промената почнува од долу, од обичните граѓани! Го имаат велосипедот како алатка.
Во многу сцени, иако далеку од нас, ќе го препознаеме и Скопје.

Линк до филмот: http://www.imdb.com/title/tt4397346/
Благодарност до Кинотека за просторот и до НаТочак Битола за набавување на филмот и преводот.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија