Еко акција „Да растеме заедно“

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

09:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Уметност на живеење и децата од Арт Ексел и оваа година го организираат еко настанот „Да растеме заедно”.

Со почетокот на пролетта започнува да се буди целата природа, ве покануваме на поинаква журка – садење на дапчиња, што ќе се одржи во сабота, 18.04.2015 година, со почеток во 11:00 часот, во градинарскиот центар Фоја (ул. „Борис Трајковски” (поранешна Првомајска) – веднаш до фабриката Усје бр. 152 А, Скопје.)

Ќе имаме можност да се дружиме, забавуваме, да научиме како се садат семки и како од една семка расте големо дрво. Ќе слушнеме и научиме уште многу други интересни работи…

Целта е децата самите да засадат желад, а децата да видат дека процесот на растење е дел од еден животен циклус и дека дрвјата се непроценливо богатство за кое треба сите ние да се грижиме.

Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и претставува вистинско природно богатство на нашата Македонија. Името македонски даб го добива затоа што неговиот ареал е соодветен со територијата каде што со векови живее македонскиот народ.

Дабот благодарение на својот изглед, издржливост и долготраен живот, се смета за симбол на моќта, издржливоста и долговечноста. Тој му припаѓа на добрите, на чистите и светите дрвја, а македонскиот народ во дабот отсекогаш гледал како на свет знак, полн со живот.

Автор

megalogomed

Скопје

Македонија