Зошто не треба да јадете снег, особено не од Водно

Од некоја поизолирана дивина, можеби, во ситуација кога немате вода, но оној жолтиот, или од Водно, никако…

Во принцип, многу зимски повеќедневни акции и експедиции најчесто се засноваат на овој извор на вода, но нив ќе ги оставиме настрана под изговор дека се далеку од било каква цивилизација и загадување. За другите кои се во близина на било какви воздушни загадувања, препораката е да не се консумира токму поради неговата способност да апсорбира огромен дел од овие честички.

Иако многумина од нас снегот го сметаат за доста чиста работа и знаат да си поткаснат (особено децата) минувајќи убаво време на тазе паднат снег на отворено, дефинитивно треба да знаете дека во и околу големите урбани градови (па и подалеку од нив) снегот не е чист (напротив, тој е ужасно загаден) поради истата причина која што го прави и воздухот загаден.

Загаденоста на воздухот е еден од најголемите „тивки убици” кој според здравствените организации веќе се третира како глобален здравствен проблем (нешто за што пишувавме тука) со огромен број на заболувања и смртни случаи поради токсичните гасови и партикли.

Според некои податоци на светско ниво умираат 3,3 милиони случаи поради инхалирање на токсични супстанци и партикли, а 1,4 од овие се во енормно загадената Кина. Затоа, знаењето на кој начин ова воздушно загадување може да дојде до нас, и како тоа може да се спречи е од клучно значење за нашето здравје.

Една понова студија објавена во научниот журнал „Енвајроментал Сајнс” вели дека снегот како форма на вода треба да се избегнува бидејќи тој е практично „магнет” за токсичните материи и партикли кои се распространети во атмосферата од разните типови на загадување.

Испитувањата биле правени во посебна „снежна” комора каде снегот во различен временски период бил изложен на загаден воздух (комбинација издувни гасови и разни токсични материи кои се наоѓаат во атмосферата на урбаните градови). Тестовите покажале дека после само еден час изложеност на снегот имал примено огромно количество на овие токсични материи.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија