За Автобуцките работи

Автобускиот превоз во Скопје ја има една од клучните улоги за помало загадување од транспортот. Што ако може да биде многу поефикасен со флотата што ја има? Скопје со нешто слично како трамвајски ситем но многу поефтино.

Се вика рапиден автобуски транзит или скратено – на англиски BRT систем и се користи во повеќе од 200 метрополи во светот. Наједноставно кажано тоа е максимално искористување на можностите кои ги дава автобускиот градски превоз. А кога квалитетот на градскиот автобуски превоз се искористува до максимум, дирекно се намалува потребата за автомобили. Тоа пак значи директно намалување на загадувањето од сообраќајот.

Рапидниот автобуски транзит за прв пат се појавува во бразилскиот град Куритиба (топ 5 најеколошки градови во светот), уште во 1974та година. Од тогаш па до денес, користењето на овој метод е проширено во 206 градови во светот на сите 6 континенти. Во европа имаме 56 градови кои го користат BRT системот, а Истанбул од 2007ма година е градот со најголем број на патници кои го користат, 750 000 дневно.

За преглед на сите градови во светот кои го користат овој систем, бујрум тука.

Иновативноста се состои во создавањето на посебни автобуски линии на улиците на кои се движат само автобусите, на секоја раскрсница тие имаат предност на минување, самите семафори функционираат во сооднос со минувањето на автобусите, а постројќите за качување на патници се местата каде се наплатува билетот, наместо во автобусот, за да се избегне застојот при качување на нови патници. (И многу е поевтин од трамвајски или метро систем)

Рапидните транзитни системи обично ги имаат следните функционалности:

  • Посебни патни линии

Патна линија наменета само за автобусите овозможува побрз транспорт и сигурност дека автобусите нема да задоцнуваат поради сообраќани метежи. Одделните линии за автобуси можат да бидат повисоки од останатите линии на патот, оградени или во тунел. За центарот на градот можат да се посветат и посебни автобуски улици наменети само за автобусите.

  • Спојување на спротивните линии

Обично секогаш се користат најлевите линии на улицата со цел автобускиот превоз да минува непречено и да не биде во близина на десните краеви на улиците каде се паркираат, застануваат или свртуваат автомобилите.

  • Плаќање на превозот пред качување

Наместо плаќање или регистрација на картичките во автобусите, наплатата се врши на самите постројќи пред да се качуваат патниците, со што се овозможува лесно и брзо качување во автобусите без застои.

  • Подигнати платформи за качување

Постројќите за качување на патниците во автобусите се направени во иста висина со влезот на автобусите со цел да се овозможи брзо и лесно влегување и излегување.

  • Автобуска предност на раскрсниците

На автомобилите им е забрането да преминуваат преку автобуската линија и автобусите секогаш имаат предност при минувањето на раскрсници што овозможува непречено поминување на автобусите без заостанувања. Ова се овозможува со правилни сигнализации на раскрсниците и продолжување на зеленото светло за минување кога автобусите треба да поминуваат. Овој дел од рапидниот автобуски транзитен систем се смета дека е најбитен за ефикасно финкционирање на јавниот автобуски превоз.

За создавање на ваков транспорт во Скопје, дружината на следниот линк може да помогне