Во канализација Олимпијада веслаше

Иако бразилските официјални олимписки тела тврдат дека водата во која ќе се одвиваат поголемиот број на водени натпревари на отворено е чиста и безбедна, истрага на Асошиејтед Прес вели дека таа е приближно чиста колку и канализациската. 

Како што наближува следната година, Рио де Жанеиро, градот домаќин на следните Летни Олимписки Игри мака мачи со обезбедување на основните потреби за организирање на најголемата спортска манифестација во светот.

Според неодамнешна истрага на Асошиејтед Прес која ја истражуваше безбедноста на водата во езерата во кои ќе се одржуваат повеќето водни спортови како маратонското пливање, дисциплините во кајак итн. вели дека таа е богата со несоодветно третирана канализациска вода која следствено остава огромен број на патогени опасни по човековото здравје.

Иако бразилските тела кои се задолжени за следење на оваа состојба велат дека водата во која ќе се одржуваат овие натпревари е безбедна, истрагата на АП вели дека тестирањето за неколку вида на вируси, вклучувајќи ротавирус, ентеровируси, колиформни бактерии и аденовируси кои можат да предизвикаат разни респираторни болести, бронхитис и дијареа дала резултати кои се далеку над дозволените.

Имено, 37-те примероци земени од неколку локации покажаа дека нивоата на аденовируси во водата се движат од 14 милиони до 1,7 милијарди бактерии на литар, а безбедните вредности се само 1000 бактериски клетки на литар.

Ситуацијата со загаденоста на водата во Бразил е очајна затоа што најчесто канализациониот отпад влегува во овие води нетретиран.

  • „Она што всушност го имаме таму е сиров канализационен отпад. Сета вода од тоалетите, тушевите и кујните се меша и како таква се истура во отворените води.” – вели Џон Грифит, биолог кој ги истражуваше протоколите и резултатите добиени од АП.

Ова е од особено значење за безбедноста на здравјето на натпреварувачите. Бразилците, особено оние атлети кои тренирале долги години во овие води се горе-долу имуни, но оние што доаѓаат од другите држави имаат голема шанса за проблеми.

Досега Австралискиот тим кој веќе бил на припреми на лице место го има осетено ова на своја кожа. Поголем дел од тимот заработил стомачен вирус проследен со дијареја и дехидратација веќе после првите тренинзи во овие води.

Уште во 2013 година Бразил имаше скандал со едно од овие езера кога истото беше исполнето со 65 тони мртва риба.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија