Вистинската приказна позади мечето и мајката мечка кои всушност се спасуваат од дронот
Иако насекаде беше пласирано како „неверојатно видео од мајката природа” каде малото мече не се предава и се бори за својот живот, качувајќи се по заснежена стрмна падина откако неколкупати паѓа на работ од провалија, ред дојде мислење да дадат и стручни лица на темата – биолози.
Неколкуминутното видео кое многу бргу премина во вирално парче мултимедија, беше пласирано како неверојатна приказна и „чист” пример на природата, каде мајката мечка заедно со нејзиното мало мече се наоѓаат на стрмна заснежена падина и се обидуваат да се извлечат од навидум безизлезната ситуација. Мајката некако успева да се искачи на врвот од падината, но малото мече едвај спасува глава, после неколку неуспешни обиди.
Видеото ги содржи сите елементи на неизвесност, тензија и драма и насекаде беше преставено како приказна со среќна и мотивациска поздаина. Истото многу бргу заработи огромен број на прегледи и беше преземано од бројни светски телевизии и медиуми, но сепак, привлече и голем број на разумни луѓе кои поинаку и многу пореално ја гледаат ситуацијата.
Се работи за класично несовесно однесување на операторот на дронот кој поради неговото присуство и звукот кој го создава, предизвикал очигледна паника кај мајката мечка и ги ставил во исклучително опасна ситуација.
„Со толку мало и ранливо мало, веројатноста дека мајката ќе одбере да пречи преку планината на таков нагиб е скоро невозможна. Ниедна женка не би го прифатила тој ризик освен ако не се наоѓа во сериозна опасност.” – вели Клејтон Ламб кој е специјалист за гризли мечки во канадските Роки Маунтинс.
Дополнително, во првиот момент кога малото скоро се извлекува од ситуацијата, може да се види дека мајката неочекувано мафта со својата рака, веројатно со цел да го „избрка” дронот од нејзиното мало, по што тоа повторно паѓа подолу на падината.
Иако новата технологија дозволува и отвора многу нови и напредни полиња во истражувањето и снимањето на документарни емисии за природата, сепак, мора да се има предвид дека тие се многу бучни и ги вознемируваат животните, а во многу ситуации, доколку се користат неправилно, тие може да ги доведат животните во многу опасни ситуации, како оваа.
Националните паркови во САД веќе имаат активирано забрана за неовластено користење на дронови во нивата област, а кога истите се користат за снимање на матерјал за документарна емисија, операторите секогаш покрај себе имаат експерт кој ја одредува ситуацијата и кој кажува до каде и колку може да се лета.