Велосипеди вс. автомобили – За кого гласаш ти?

Овој четврток, дечките од НаТочак (со сплотени сили од повеќето македонски градови) ќе направат промоција на документарниот филм Велосипеди вс. Автомобили (Bikes vs Cars) кој ја разработува истата онаа тематика за која Критична Маса врти секој месец.

Ако статистиката вели дека досега во светот има повеќе од 1 милијарда моторни возила, тогаш трендот вели дека до 2020 година оваа бројка ќе се зголеми за двојно повеќе. Bikes vs Cars е американски документарец за велосипедите и нивниот потенцијал како алатка за промена. Го потенцира конфликтот во градовите помеѓу велосипедите, автомобилите и зголемената зависност од фосилни горива.

Филмот зборува за тоа кое е местото на одржливите начини на превоз во политиките и на улица, како градовите се трансформираат во автоцентрични под влијание на различни притисоци и интереси, но и како преминуваат кон мултимодалност поради подигнувањето на свеста во денешно време.

Bikes vs Cars е добитник на бројни награди и признанија во светски рамки. 

Повеќе инфо за проекцијата која ќе се одржи во Кинотека на град Скопје можете да најдете ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија