Снежната сезона во Швајцарија е 5 недели пократка од просекот во 1970

Иако не треба да си метеоролог за да приметиш дека најголемиот дел од прогнозите за глобалното затоплување се остваруваат, една опширна студија на ниво на скијачките центри во Швајцарија прецизно ја покажа бројката на изгубени снежни денови во еден релативно мал временски период.

Намалувањето и ублажувањето на бројот на зимски денови низ центрите во Европа, светот и кај нас се случува со едно константно темпо кое, за жал, станува се позабележително. Затоплувањето и големиот број на осцилации во температурата на годишно ниво покрај тоа што влијае исклучително негативно целата природа и еколошките биосистеми, таа влијае негативно и врз скијачката индустрија каде загубените зимски денови значат и загубени работни денови.

Овие промени се дефинитивно воочливи и на наша територија, каде било кој граѓанин може да ви посочи какви точно зими имала Македонија и нејзините планини пред 30 и повеќе години споредбено со денешниве години. Сепак, студијата е правена во дефинитивно туристички светлосни години понапредната Швајцарија каде зимскиот туризам е на високо ниво и овие статистики се прават на регуларно ниво.

Мерењата биле правени на регуларно ниво низ 11 скицентри во оваа држава на висина од 1000 па до 2500 метри над морето, а податоците од сите станици биле за прв пат споени во една поголема студија водена од Мартин Ребец.

Резултатите откриваат дека без разлика на висината и географската локација на ски центарот, забележани биле намалувања во снежната покривка на сите станици. Најголеми промени имало во пролетниот период кога се почесто е многу брзото топење на снегот, но метеоролозите велат дека не треба да се запостави и многу важното доцнење на снегот во есенскиот период. Бројките велат дека во денешно време зимата просечно си заминува 25 дена порано и доаѓа околу 12 дена покасно отколку во 1970 година. Истотака, забележан е и голем пад (25%) во максималната дебелина на снегот.

Во ист период, северната хемисфера на земјината топка изгуби огромни површини на глечери, а 2015 година на глобално ниво имаше најслаба снежна покриеност во изминатите 500 години.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија