Скопје – активирај се на протест за чист воздух и здрави деца

Твоја е одговорноста да го мотивираш градот да воспостави мерки за почист воздух. Во 17 часот во градски парк кај фонтана. Ти и 5 твои другари/ки. Вашето присуство им значи на сите деца и 98%те граѓани на кои им влијае загадениот воздух!

Загадувањето е поголемо од било кога. Не се намалува, воздухот станува се позагаден! Градот нема посебни мерки за функционирање во загадените денови и неможе да има почист воздух без мерки за намалување.

Затоа – МОТИВИРАЈ ГО СКОПЈЕ, МОТИВИРАЈ ЈА МАКЕДОНИЈА!  

Дојди во 17 часот во градски парк кај фонтана и заедно со сите други да побараме поставување итни мерки со кои градот ќе може да функционира а сепак да се намалува загадувањето на воздухот.

Ке има кратки обраќања за почеток на протестот, ќе се испратат учесниците на 56тата критична маса НаТОЧАК, па ќе се маршира до просториите на град Скопје каде ќе се побара прием од Градоначалникот на град Скопје за да му бидат врачени барањата.

По кратките обраќања пред просториите на град Скопје, маршот продолжува до Владата на Р.Македонија. Се бара прием од Премиерот за да му бидат предадени барањата од протестот. Потоа следуваат кратки обраќања пред владата на Р.Македонија и завршување на протестот. 

БАРАЊАТА НА ПРОТЕСТОТ СЕ:
1. Воведување на пар-непар за моторните возила.
2. Забрана за движење на возила кои се без катализатори за издувни гасови.
3. Бесплатен градски превоз цела зима.
4. Итна набавка и бесплатна поделба на маски со потребни стандарди за заштита (со потребни димензии) за целото население (и за деца) на Скопје.
5. Излегување на терен на зголемен број на инспекциски тела за контола на начинот на греење на граѓаните.
6. Обезбедување на бесплатен огрев за граѓаните кои се грејат на гуми и други штетни материи.
7. Ненајавени контроли на оџаците на индустриските капацитети кои ( се сомневаме дека) загадуваат.
8. Привремена забрана за работа на сите индустриските капацитети кои (се сомневаме дека) загадуваат.
9. Да се формира кризен штаб во Центарот за управување со кризи кој ќе ја следи состојбата и ќе предлага и презема итни мерки против загаденоста на воздухот.
10. Запирање на сите градежни работи во Скопје.
11. Почесто и потемелно чистење на улиците од улична прашина.
12. Полициски контрола на возила кои носат нечистотија на гумите, особено такви кои излегувата од градилишта.
13. Контрола дали се спроведуваат обврските за чистење на јавните површини околу градилиштата од тие чија обврска е да го прават тоа.
14. Да се набават и бесплатно да се делат велосипеди.
15. Новиот парламент да донесе закон за забрана за уништување на било каква вегетација. Кој ќе исече дрво или уништи парк да добие затворска казна од 10 години.
16. Новиот парламент да се донесе законска регулатива според која доколку загадувањето ја надмине пропишаната нормала веднаш да МОРА да се преземаат мерки.
17. Стопирање на сите непотребни трошења за луксузирања (панорамско тркало, боемски улици, стиропорни фасади….) и пренамена на парите за заштита на населените, лечење на болните поради загадувањети и мерки за подобрување на состојбата и решавање на жариштата за загадување (Линданот во Охис, насобраниот одпад во кругот на велешка топилница и други слични потенцијални еколошки бомби.

 

Се гледаме во 17 Часот!