Наслов

Што е тоа екосистем по ѓаволите?

Ако ова прашање ви се појавило во мислите кога сте го сретнале поимот "екосистем" но ја сакате природата и уживате во благодетите кои ви ги дава, тогаш летово имате прекрасна можност да се набилдате со нови начини на размислување и да размислувате како Дејвид Атенборо, нараторот на BBC - Planet earth: Life.

Две млади риби пливаат една до друга, среќаваат постара риба што плива во спротивен правец, таа климнувајќи ги отпоздравува, и вели: "Добро утро момци, каква е водата?".

Двете млади риби отпливуваат понатаму, и едната погледнувајќи ја другата вели: "Што е тоа вода, по ѓаволите?".

- извадок од говорот на Дејвид Фостер Валас 

За да не останеме како двете рипки кои живеат во вода а не знаат што е вода, убаво е да разбереме што е тоа екосистем бидејќи живееме во екосистем. 

Затоа ова лето постои одличен бесплатен курс наречен "Запознавање со eкосистемите" кој почнува од 27ми јуни и трае 6 недели. Курсот го дава Отворениот универзитет (The Open University) кој претставува најголемата академска институција во Велика Британија, а ќе биде воден од експертот и сениорскиот учител Др. Дејвид Робинсон. 

Не е потребно некое претходно искуство во изучување на вакви тематики, само желба и љубопитност за историјата на природниот свет, заштитата на природата и животната средина. 

Ќе откриете како живите организми се поврзани меѓусебе преку комплексни врски, како овие врски се проучуваат и како физичките својства на одредена животна средина комуницираат со организмите кои ја окупираат. Преку практични примери ќе научите и како имањето знаење за екосистемите доведува до разбирање на нивната важност и како тие можат да бидат заштитени. 

А зошто е тоа битно? Битно е бидејќи кога не разбираме како екосистемите функционираат станува тешко да се дефинираат причините зошто во одредени случаеви нивното функционирање престанува, а со тоа доаѓа и тешкотијата да се дефинираат можните последици за луѓето.

Со разбирањето на поимот екосистем, го трансформирате вашиот поглед кон природниот свет.

Да не должиме многу, кликајте тука и запознајте се со курсот и набилдајте се со нови знаења. 

23 Мај 2016

За авторот