Наслов

Регулативи за квалитетот на воздухот во Европа - референтна точка

Во септември 1996 година Европската Унија ја усвои Рамковната Директива 96/62/ЕС која ги дефинира клучните принципи и општите барања за проценка на квалитетот на воздухот и управување со истиот во земјите членки на ЕУ, при што директивата претставува и законска рамка за последователните (ќерки) директиви кои ги определуваат граничните вредности и во детали ги опишуваат барањата за секој полутант наведен во рамковната директива.

Општата цел на Рамковната Директива 96/62/ЕС е да се дефинираат основните начела на заедничката стратегија за:

  • Дефинирање и утврдување на целите за квалитетот на амбиентниот воздух, со цел да се избегнат, спречат или да се намалат штетните ефекти врз човековото здравје и врз животната средина како целина;
  • Оценување на квалитетот на амбиентниот воздух, врз основа на заедничките методи и критериуми;
  • Добивање адекватни информации за квалитетот на амбиентниот воздух коишто и се дадени на увид на јавноста, меѓу другото и со помош на праговите на алармирање;
  • Одржување на квалитетот на амбиентниот воздух таму каде што е добар и подобрување во другите случаи.

Целите на Директива 99/30/ЕС се:

  • Да се утврдат граничните вредности и како што е соодветно, прагот на алармирање за концентрациите на SO2, NO2 и NOx, честичките и на оловото во амбиентниот воздух, со цел да се одбегнат, спречат или да се намалат штетните ефекти по човековото здравје и по животната средина, во целина,
  • Да се оценат концентрациите на SO2, NO2 и NOx, честичките и на оловото во амбиентниот воздух, врз основа на заеднички методи и критериуми,
  • Да се добијат адекватни информации за концентрациите на SO2, NO2 и NOx, честичките и на оловото во амбиентниот воздух и да се обезбеди дека тие ќе бидат дадени на увид на јавноста,
  • Да се одржува квалитетот на амбиентниот воздух, таму каде што е добар, а во другите сучаи да се подобри во однос на SO2, NO2 и NOx, честичките и оловото.

Поединечните вредности за секоја од субстанците поставени се во редица на ќеркини директиви (како 99/30 за SO2, NO2 и NOx, партикуларни честички и Pb; 2000/69 за бензен и СО, или 2002/3 за озон).

Планирани се и други директиви кои би покриле широк спектар на субстанци во земјите членки, а за чија определба базата е поставена во Директивата 2004/107 која бара информации од земјите членки во однос на вклучување на арсенот, кадмиумот, живата, никелот и полицикличните ароматични јаглеводороди.

Регулативи за квалитетот на воздухот во Европа

09 Февруари 2017

За авторот