Наслов

Првиот вело-хотел во светот отвори врати...

Лоциран во Малмо, Шведска, градот кој е рангиран 5ти во светот развиената велосипедска култура, хотелот е наменет за туристите кои доаѓаат со желба да патуваат со велосипед низ градот... 

За да одговорат на велосипедските потреби на туристите, секоја соба во хотелот има велосипед кој слободно може да се користи од посетителите, алатки за одржување и чистење на велосипедите, како и алатки за поправка додека посетителите патуваат низ градот. Нема никаков паркинг простор за автомобили... 

"Сеуште ги градиме нашите градови со помислата дека луѓето патуваат многу со автомобил, па така, кога се градат нови згради за живеење, се одвојуваат големи површини од просторот и финансии за паркинг на автомобилите. Наместо ова, го имаме првиот хотел и апартмански комплекс за живеење посветен на луѓето кои пешачат, користат јавен транспорт или велосипед за патување низ градот, заштедувајќи на финансии и простор при градењето кои можеме да ги употребиме за други потреби на објектот. " - Ohboy Hotel 

 

 

17 Август 2017

За авторот