Во светот на брегалничкиот екосистем – Програма за заштита на природата

Македонија има богата природа и убавина која помалку или повеќе ја забораваме покрај турбулентното секојдневие, нешто што резултира во губење на и тоа како важни еколошки системи и богатства. Подолу имаме нешто сосема различно од секојдневието наречено “Програма за заштита на природата”. Нешто што заслужува внимание и една голема поддршка. 

Мора да ве предупредиме, гледањето на следните видеа може да резултира со имање чувство на гордост за природните богатства што ги имаме, чувство на благодарност за преземањето на чекорот понапред во зачувувањето на природата, чувство на потреба за правење повеќе вакви чекори со побрзо темпо од досега, а можеби и ќе добиете чувство за лично активирање во зачувувањето на природата. 

Програмата за заштита на природата во брегалничкиот регион е направена од над 30 експерти, студенти и волонтери кои имаа 18 месечна мисија да ја идентификуваат, оценат и вреднуваат биолошката разновидност на сливот на река Брегалница, што претставува 17% од територијата на нашата држава (вакво нешто се нема направено во целокупната историја на Македонија!).

Кога сето тоа ќе се склопи во 3 прекрасни видеа, секој гледач автоматски ги проширува своите еколошки хоризонти и чувствата „гордост, благодарност, потреба за колективна и лична акција” се јавуваат природно и спонтано. 

Целокупното знаење од овој проект, кој е организиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, треба да се инкорпорира во планирањето за развој на овој регион во земјата, што значи, за прв пат одржливото управување на биолошката разновидност и нејзиното зачувување се поставуваат како едни од основните столбови при планирањето на идниот развој. 

Веб страницата за проектот

Да не должиме многу, навигирајте кон копчињата за пуштање и гледање на цел екран и уживајте. 

Чекор понапред во зачувувањето на природата во Македонија


Биолошката разновидност во сливот на река Брегалница


Кон одржливо управување со шумите