Родители, децата ви боледуваат од недостаток на природа!

“Градските деца имаат една “дијагноза”, а тоа е недостаток на природа” – вака го започна своето гостување во утринската програма на РТС Јован Мемедовиќ, автор и водител на емисијата “Сосем природно”.

А докажано е дека недостигот на природа предизвикува: недостаток на концентрација во учењето, децата немаат самостојност, оскудни се во комуникацијата. Сето тоа предизвикува физички недостатоци, лошо држење на телото, рамни стапала, недоволно јак имунитет и склоност кон алергии. Децата кои не одат во природа остануваат неактивни и со самото тоа немаат стимулација, немаат природно искуство и немаат практично учење. Родителите го чувствуваат тој проблем, и потоа инстантно ги запишуваат своите деца на некој спорт, ама тоа не е тоа – на децата им треба природа. Ние сме биолошки суштества и само кога сме во природа, сме она што навистина сме.

Екипата од емисијата “Сосем природно” спроведе експеримент и се обиде да собере што повеќе деца кои живеат во град и без родителите да ги однесе најпрво во една селска средина, а потоа и во потполна дивина.

“Планиравме тоа да трае три дена и одма имавме некои проблеми, затоа што родителите не сакаат да ги пуштат своите деца туку – така во природа, односно тие се плашат. Едноставно, генералниот став на родителите е презаштитување. “Не, тој ќе настине”. “Не, тој може да се повреди.” и многу други изговори”.

Во новата епизода од својата емисија, на доктор Мемедовиќ му помага и познатиот детски писател Урош Петровиќ и доктор Ранко Рајовиќ, претседател на Менса за Србија.

Доктор Рајовиќ објаснува колку недостатокот на природа штетно влијае врз детето. “Ние имаме во Србија рамни стапала кај 70% од децата и забавување на акомодацијата на окото. Кога ќе размислите, ние имаме проблем во училиштата. Затоа што кога тоа дете ќе започне да оди во училиште, не може да чита повеќе од 10 минути затоа што нема концентрација, не може да пишува како што треба и тие проблеми подоцна многу потешко се решаваат. Затоа е важно детето уште од најрана возраст, од седум – осум години до дванаесет години да биде што почесто во допир со природата.”

“Физичкиот развој и менталниот развој се многу тесно поврзани.” – објаснува Урош Петровиќ, кој при паузите од физичкиот напор на децата им поставувал загатки и други прашања за размислување.

“Се многу полесно се решава кога ќе ги однесете децата во природа. Тие се тука пред вас – можете да ги набљудувате, насочувате, реагирате.” – објаснува Мемедовиќ, загрижен што родителските стравови ги оттуѓуваат децата од природата. “Грижата на родителите оди дури и до крајности – промаја, инсекти, се плашат дури и да не ги нападнат волци или мечки.”

Токму поради таа оттуѓеност, воопшто не било лесно да се пронајдат деца чии родители би се согласиле на оваа авантура – кажува Ранко Рајовиќ. “Тие се градски деца, но тие деца се љубопитни и сакаат да дојдат и да пробаат, но имавме проблем кога ја правевме групата затоа што некои деца не сакаат да спијат во шатори. “Тука има бубачки.” “Можеби ќе заврне дожд.” “Што ќе јадам?!”. “Ретко е денес да видите деца кои одат боси, а овде во дивина цел ден се боси.”

Своето гостување Јован Мемедовиќ го заврши со порака упатена до сите родители: “Родители, па тоа се ваши деца! Немојте да ги затворате, ништо нема да им се случи во природа. Нив им треба потполна слобода – не неколку празници или одмор на лето, туку пробајте тоа да биде преку целата година. Недостатокот на природа не е болест, ама еден ден тоа ќе постане голема неспособност и неможност да постигнат нешто во животот како индивидуи.”