Наслов

Државата што капира што е квалитет

Државата е Данска и едноставно зачудува во своите напредни потфати за поквалитетен живот. Позната е по точаците, по ветерниците а сега и по огранската храна. Сепак како и се во животот, се е до квалитетната стратегија која го прави патот чист до посакуваната цел. 

Ќе почнеме со мал преглед на настаните од блиското минато. Во светот целото производство на храна пред индустријализацијата била едноставно, природна храна.

И потоа се случи индустријализација. Помислата да се нахранат повеќе луѓе на полесен и попродуктивен начин, го отвори патот на користењето секакви хемиски препарати, вештачки ѓубрива, адитиви, пестициди, антибиотици, хормони, генетски модификувања... Сè во името на поголемиот квантитет, на сметка на квалитетот.

Но светот знае и што е квалитетно не само што е профитно.

Уште во 40тите години во минатиот век во време кога индустријализацијата се развивала и производството на храна почнало сè повеќе да се менува со користење нови нетрадиционални методи, алати и препарати, на различни места низ светот започнало и современото органско производство - користење на традиционалните природни методи на производство на храна со зголемено научно истрашување во природните процеси за подобар квалитет на произведената храна.

Современото органко производство започнува во Европа и Азија за потоа како природна наука да се прошири низ целиот свет.

Една од најстарите земји каде е присутно органското производство е Данска. Сега Данска оди во 100% огранско производство на храна. Колку за споредба, во Македонија органското производство се движи околу бројќите 1% и 2%. Имаме многу за учење а?

Како Данска успешно го менува своето производство кое ќе достигне 100% органско во 2020та?

За почеток, Данска е многу понапред од останатите земји во својата историја на произведување органска храна. Националниот бренд за органско производство е веќе 25 години во работа, еден од најстарите во светот. Како резултат на тоа, извозот на органски производи е многу голем и во постојан раст.

Данското население од друга страна си сака органска храна, а државните институции се позитивни и поттикнуваат се поголемото органско производство, така да, планот за станување 100% органска држава ги има почетните предности.

Во својата стратегија за 2020та, владата на Данска воглавно е фокусирана на два фронта, едниот е помагање на земјоделците и фармерите во транзицијата на земјиштата во органски, а вториот фронт е стимулирање на поголемо побарување на органски производи.

Во поглед на производството, планот се состои во дуплирање на на земјоделските површини на кои ќе се користат огрански практики. Во овој дел државните земјишта кои се користат за производство на храна ќе бидат органски и владата финансиски ќе го помага овој сектор со цел развивање нови техники и идеи кои создаваат поголема продуктивност во органското производство.

Во поглед на промоцијата на органската храна, лидери во користењето на органските производи ќе бидат токму државните институции и администрацијата. Министерствата, регионалните и градските служби во следните 5 години ќе го стимулираат користењето на органските производи со најмалку 60% од храната која ќе се сервира во училиштата, болниците и во останатите јавни служби да биде органска.

Овде се приклучуваат и секторите за безбедност во државата, Министерството за одбрана во своите воени бази ќе замени голем дел од 1.1 милиони килограми храна која ја служи во органска.

Министерството за образование исто така ќе има голема улога во преминот кон органска држава преку многу активности во училиштата и помагањето на фармерските и земјоделските институции и здруженија. Децата и тинејџерите при посетата на наставите ќе учат за органското производство и нутриција, со специфични курсеви посветени на храната и органско произвотство кои ќе бидат дел од природните науки за изучување.

Накратко така звучи кога државата се движи кон 100% огранска храна, што значи здравје за населението. Стратегијата на Данска (на дански е) ја има на следниов линк во 67 страници од каде можат да се соберат мноштво идеи и начини како Македонија да мрдне од минимал органско производство.

23 Декември 2015

За авторот