Мали совети

Дождовница и бавча – еко приказна со среќен крај

Водата од водовод баш и не е најдоброто решение за наводнување. Алтернативата е бесплатна, а бара само малку да вложите од вашето време и дворски простор…

Дека водата од чешма не е најдобро решение за вашата бавча говорат две работи. Првата е дека во сезона сметката може да скокне за вртоглави 50%, а втората работа е дека самата композиција на водата од водовод не соодветствува со побарувањата на вашите билки.

Најдобрата алтернатива на водата од чешма што нема да ве чеша по џеб, а ќе ја развесели градината е дождовницата. Собирањето дождовница е многу едноставен процес, а се што ви треба е буре или буриња (во зависност од апетитот на вашата земја) и спој со олукот од каде ќе се слева водата во бурето. За пософитицирана варијанта одбрете буре со вентил и капак што ќе ја штити дождовницата од инсекти, габички и птици.

Ако поседувате бунар за собирање дождовница се препорачува повремена дезинфекција на водата со помош на гасена вар и тоа 1,5 кг гасена вар на 1 м³ вода, по што се чека да отстои 5 дена.

Ако немате избор, па ви останува само водата од водовод, се препорачува закиселување за површинскиот слој од земјата со компост од лисје и секако тука лесно може да зачините со кујнските отпадоци. Ќе имате помалку ѓубре за фрлање, а многу дарежлива почва.