Цела шведска природа оди на AirBnB – бесплатно се разбира

Како дел од најновата (Дан требит смештај?) кампања за привлекување туристи, Шведска го стави целиот јавен простор и природа на AirBnb огласување откаде можете бесплатно да си „букирате” спиење кај што сакате. Зборувајте ни за туризам…

Allemansrätten е шведски израз кој означува „слобода на скитање” – право заштитено со закон кое дозволува секој човек да биде слободен и да ужива во шведската природа – да шета, спие, вози велосипед, јаде и одмара буквално каде што сака, надвор од приватните поседи на граѓаните кои живеат таму. 

Единствено што не смее да се наруши и наштети е природата, флората и фауната и секако да не се наруши уживањето на другите луѓе во близина. Според ова, сите туристи имаат право да: 

  • Пристапат кон било која земја надвор од приватните поседи (до 70 метри од живеалишта и обработливи земјишта)
  • Можеш да поставиш шатор кај сакаш 
  • Дозволено е палење на огниште
  • Смееш да собираш цвеќиња, чаеви, печурки и бобинки
  • Да пливаш во езера
  • Да ги користиш плажите (освен оние кои се приватни) 
  • Да ловиш риба во некое од петте големи езера долж нивните цели брегови линии.

Информирајте се за следниве работи тука

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија