Би сакале ли и вие фотелја во тревникот?

Одличен изум за љубителите на природни изработки! Доколку ве нервираат пластики или тврдо дрво, можете малку да се потрудите и да ја создадете оваа фотелја за да бидете во допир со природата, а сепак да се чувствувате пријатно додека читате книга или едноставно да уживате седнати на трева.

Ова е „ТЕРА – фотелја од трева” за која ќе ви требаат само картони, земја, ѓубриво и се разбира квалитетна трева. Можете да ја „инсталирате” на секоја земјена површина, но за урнек ќе ви требаат картоните специјално дизајнирани од Студиото Нуклео. Тие моментално подигаат фондза изработка и подобрување на овој благороден проект па затоа можете да ги поддржите доколку ви се допаѓа идејата и би сакале да видите нешто вакво во вашите дворови или паркови…