Наслов

Прирачник за соларна пареа

Група француски активисти за отворена еколошка технологија успеаа да создадат отворен прирачник за создавање на соларен концентратор од кој се добива топла пареа, наменета за сите мали производители и занаетчии. 

Open Source Ecologie France создадоа соларен концентратор кој е наменет за креатори, занаетчии и мали производства кои имаат потреба од топлинска енергија во вид на пареа со цел да им овозможат на малите производители, занаетчиите и микро индустриите да ја користат сончевата енергија.

Овој вид на соларни концентратори обично се употребуваа за големи производства на енергија како на пример соларната централа Гемасолар во Шпанија која произведува струја за 25000 домаќинства годишно. 

Сега, со помош на open source ecology, соларната концентрирачка технологија е достапна за користење и за мали потреби овозможувајќи им на малите занаетчиски и производителски дејности да напредуваат и да можат да ја користат бесплатната енергија од сонцето.

Прототипот создаден од OSE France, може да се користи при: колективно готвење, стерилизација на тегли, прочистување на вода, третман на дрво, пареа за придвижување на механички компоненти и други процеси кои имаат потреба од пареа со топлина до 250 °C.

Водата која минува низ цевките се загрева преку рефлектираната сончева светлина и може да произведува до 5kw енергија. Направата е адаптирана за да произведува топлина помеѓу 100°C и 250°C па така може да се произведува и пареа со пониски температури која може да се користи за загревање на вода, сушење на производи и сл.

Еден пример за користење на оваа направа се овоштарските производители кои ја продаваат бербата како што е. Со помош на соларниот концентратор тие можат да ги зовриваат овошјата, да извршат стерилизација на тегли и да создаваат есенцијални масла од производите кои ги одгледуваат. 

Сите потребни инструкции за да го направите соларниот концентратор ги имате на следниот линк. Материјалите кои се потребни за создавање се елементарни и можат да се набават кај нас како и било каде во светот. Според инструкциите цената за создавање на овој соларен концентратор е 2000 евра. 

18 Април 2017

За авторот