Наслов

Од Еверест исчистени 32 тони ѓубре, од кои 13 тони измет

На насловот не му треба вовед. 

Главниот раководител на комисијата за контрола на загадувањето во националниот парк Сагармата, АнгДорје Шерпа, во својот најтазе извештај објави дека со завршувањето на овогодинешната качувачка сезона на Еверест се направи и чистење на Базниот Камп и Камп II. 

Eкипите, околу 1000 ангажирани луѓе кои работеа во текот на два месеци успеале да симнат 32,241 килограми ѓубре од кои 13,000 се во измет од овие два кампови на Еверест. За да биде уште поинтересно, најголемиот дел од ова ѓубре е направено оваа година т.е. пролетна качувачка сезона, бидејќи секоја година, на крајот од сезоната комисијата организира чистење на овој дел до вториот висински камп - пренесува Хималајан Тајмс

Бројките од минатите години покажуваат пораст во целокупното ѓубре кое се остава на планината. Минатата година биле симнати околу 30 тони, а предминатата 29. 

Комисијата работи повеќе од 25 години со што некако успева да се справи со огромната наезда на планинари и експедиции кои го загадуваат регионот. Покрај ова, тие редовно работата на планирање и подобрување на системите за одлагање на ѓубрето, како и на подигнување на јавната свест за соодветно одлагање и помал импакт од страна на планинарите и локалното население. 

Истотака, тие имаат здружено сили со проектот Mount Everest Biogas, кој има за цел да инсталира посебни тоалети каде фекалиите (со помош на бактерии) ќе се преработуваат во метан кој после може да се искористи за правење на струја и течно ѓубриво. 

06 Јули 2018

За авторот