Можете ли со сопствена енергија да испечете лепче?

Сакајќи сликовито да доловат колкава е човечката потрошувачка на електрична енегија во секојдневието (читај: без усул) тим на Швеѓани конектираа фискен велосипед за мал кујнски тостер, а неколку луѓе се обидоа да го напојат тостерот за да постигне температура со која ќе се испече едно единствено лепче. На Роберт му успеа, ама Роберт има нога со „фи” 74 цм. 

Светски познатиот германски велосипедист во кружни патеки Роберт Форстеман, кој воедно поседува едни од најмоќните нозе на светот беше викнат да се покаже како би се справил со предизвикот. Напојувањето на тостерот е поврзано со систем кој ја пренесува енергијата што ја продуцира велосипедот при вртењето па така потребно е да се достигне и одржи одредена моќност од 700 вати некое време за лепчето убаво да се испече. 

Во пракса тоа значи дека Олимпиец како Роберт потребно е да потолно да се фокусира на задачата и за момет да ја вложи целата своја енергија за едно крцкаво лепче и после тоа да легне на земја целосно исцрпен. А замислете колку енергија би требало за да се извози еден просечен автомобил за еден час?

На Роберт му успеа, делумно ѝ успеа и на Ида Ингемарсдоте, Шведски крос-кантри скијач, но просечниот Родаре (некој како сите нас) не успеа ни да се приближи до крцкав појадок. 

Размислете колку трошите вие преку секојдневните кујнски апарати.

Ида и тостерот

Родаре и тостерот

п.с. – Статијава може слободно да оди и во категорија Сила и издржливост

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија