А Мексико Сити ќе претвори огромен булевар во пешачка зона

Како тотален контраст на одлуката за градење на улица (за моторни возила) на кејот на Вардар во строгиот центар на Скопје ви ја пишуваме оваа одлука на Мексико Сити каде булевар со 10 ленти сакаат да го (и ќе го) трансформираат во огромна пешачка зона со зеленило. Се зависи од приоритетите нели. 

Низ центарот на скоро 9 милионскиот Мексико Сити се протега, практично кажано автопат со 10 ленти наречен Чапултепек кој го дели градот на две половини и претставува една од најхаотичните сообраќајни делница на градот. Авенијата е секојдневно заглавена со илјадници моторни возила а истата нема ни приближно услови за останатите учесници во сообраќајот како пешаците и велосипедистите. 

Соочени со веќе постоечките проблеми од аспект на отежнато движење и мобилност низ градот и загадувањето, градските власти веќе активно работат на случајот оваа делница да се трансформира од сегашната сообраќајна џунгла во многу поуреден урбан сегмент кадешто возилата ќе имаат многу помал дел од колачот.

Идејата е најпрвин да се намали просторот за моторните возила со широка пешачка зона која ќе биде обогатена со дрва – читај парк кој ќе биде поставен на кат над веќе постоечкита улица. Дополнително треба да се изградат уредни велосипедски и пешачки патеки и со ова да се реши еден од најважните проблеми на авенијата Чапултепек – целосното одвојување на двете населби низ кој минува за пешаци и велосипеди. 

Според новиот дизајн во авенијата ќе се направи целосна промена во приоритетите т.е. од претходните 90 проценти од патот кои отпаѓаа за моторните возила, сега на улиците ќе отпаднат само 30 проценти, а пешаците и велосипедите ќе ги делат остантите 70% од површината на користење. 

Дополнително и многу важно, целиот проект на крајот треба да изгледа и да функционира на едно повисоко ниво на еколошка ефикасност и одржливост со што поголемо искористување на ресурси од одржливи извори. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија