Наслов

Копенхаген доби ски патека на кров од електрана

Додека Скопје и околината се гушат во смог и загаденост, во еден друг дел од Европа работите изгледаат потполно поинаку.

Во Копенхаген деновиве беше тестирана првата вештачка ски патека која се наоѓа на покривот на електрана која создава енергија горејќи отпад. Ако мислите дека тоа е обична електрана која загадува тогаш се лажете. Станува збор за еден од најреволуционерните проекти на денешницата кој е доказ за напредната човекова еко свест.

Електраната ARC(Amager resuorce center) е проект кој во 2013 година е замислен, а стартуван во 2018, од страна на архитектонското студио BIG https://big.dk/#projects-arc и е потполно поинаков проект од се што досега ни било познато. Револуционерноста на проектот тргнува пред се од нејзиниот дизајн, еко компонента и технички карактеристики, па се до максималното искористување на просторот кој го зафаќа и конекцијата на објектот со секојдневниот живот на луѓето.

Од еколошки аспект вреди да се спомене дека и покрај тоа што електраната се наоѓа на само пет километри од Копенхаген, таа за разлика од електраната која се користела во минатото ќе произведува 25% повеќе електрична енергија притоа намалувајќи ја емисијата на СО2 за цели 100,000 тони. Со нејзината работа 65,000 домаќинства во престолнината на Данска ќе се снабдуваат со електрична енергија а колку 160,000 со топла вода. Овој проект, кој чини 643 милиони долари и е најголем во светски размери, ќе има потенцијал да гори 400,000 тони отпад со 99% ефикасност, ќе реискористува 90% од вкупниот метален отпад, а истиот е дел од прокетот со кој Копенхаген до 2025 година треба да биде град без емисија на СО2.

Архитектите на студиото BIG концептирале објект кој нема да биде технолошко само ''чудовиште" туку напротив дизјанот се обидува да ја доближи целата идеја до граѓаните и да ја урне бариерата која ги разделува градот и електраната. Имено за таа цел тие замислиле еден цел спортски комплекс кој максимално го користи просторот и е пионерски во многу нешта. Па така ARC на својот кров ќе има вештачка ски патека во должина од 500м која ќе биде поделена во три зони приспособени оодветно со напредноста на скијачот. Изминативе денови патеката ги помина сите тестови и ќе биде пуштена во употреба во периодот што следува.

Се очекува само во првата година таа да има преку 57000 посетители. Покрај ова, во рамките на објектот се наоѓаат и терени за фудбал, водени спортови, картинг а исто така ќе биде изградена и најголемата и воедно највисока вештачка карпа за качување во светот со површина од вкупно 2906 квадратни метри. 

20 Јануари 2019

За авторот