Колку ќе ќариме ако повеќе вртиме?

Подоле имаме кратко образложение на еден нов извештај во сферата на урбаниот транспорт кој во принцип дава некои проекции и бројки за тоа што би се случило во иднината ако сите ние почнеме да возиме повеќе велосипед.

Извештајот заедно со проекциите за (потенцијалното) влијание на велосипедот како превозно средство, поготово на економски и еколошки план е изведен од американскиот Институт за развој на транспортот и калифорнискиот Универзитет Дејвис а самото истражување е под надлежност на UCI (Union Cycliste Internationale) и ECF (European Cyclists’ Federation).

Тој е направен врз основа на резултати добиени од една поопширна студија правена во 2014 година и на кратко тој дава видување за тоа што би се случило во светски рамки доколу ние како човештво успееме да се репрограмираме и започнеме да го користиме велосипедот како превозно средство во 14 проценти од целокупното урбано движење. Значи на глобално ниво, 14 проценти од урбаното движење да се обавува преку велосипед. 

Засега само 1 процент од сите урбани патувања во САД се прават со помош на велосипедот како превозно средство за разлика од вело-развиените градови како Амстердам, Копенхаген и во Кина каде истава бројка е околу 6 проценти. 

Според нивниот модел наречен “High-Shift Model” доколку светот успее до 2050 година да ги достигне тие 14 проценти тогаш би се заштедиле околу 24 трилиони долари во трошоци за механизиран превоз, а емисиите на CO2 би се намалиле за 11 проценти. 

Иако бројките можеби изгледаат многу амбициозни знаејќи како се развива светот, тие се важни и може да се земат предвид затоа што најголемиот дел од урбаниот транспорт во градовите не е подолг од 10 километри, дистанца што е лесна за возење велосипед. 

Во извештајот пишува дека 35 проценти од сите урбани движења се помали од 5 километри, дистанца што се покрива за околу 15-20 минути со велосипед. 

Секако, тука се и самата инфраструктура и дизајн на сообраќајните делници во градовите како и безбедноста во сообраќајот кои се многу важни елементи во урбаниот транспорт. 

Само да се пазиме после да не биде нервози на раскрсница како ОВДЕ

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија