Наслов

Кајак на #протест

Додека кај нас, за жал, преовладуваат и нè преокупираат политичките протести, во САД се #протестира за еколошките.

Минатиот понеделник американската влада даде одобрение на холандски нафтен гигант за пробни и истражувачки бушења во Чукотското море кое лежи меѓу Алјаска и Сибир, меѓутоа дозволата наиде на остри реакции од голем број на активисти кои се против ваквите проекти кои може да донесат големи природни катастрофи. 

Имено, Чукотското море се смета за потенцијален извор на големи резерви на гас и нафта и затоа истото е мета на големите нафтени компании, но она што го објави бирото за менаџирање со енергетските потенцијали (Bureau of Ocean Energy Management (BOEM) е дека бушењето во овој регион има 75% шанси за големо „истурање” на нафта во морето и формирање на нафтена дамка. Ова би нанело огромни последици до природата и живиот свет кој вирее во овие студени води. 

Поради големите ризици за вакво нешто повеќе еколошки активисти и здруженија се приклучија кон протестите ShellNo каде со кајаци, кануа и сурф даски дојдоа да протестираат пред една од платформите која треба да биде монтирана, а моментално се наоѓа во реката близу Сиетл. 

 

19 Мај 2015

За авторот