Градот што работи за да има почист воздух

Краток репертоар за градот Париз и работите кои се прават сега, за да се намали големото загадување на воздухот. Жителите, бизнисите, организациите, градските службеници, целиот спектар на општеството работи и создава за да имаат почисто утре.

Видеото е од телевизискиот медиум France24 и е одлично за изострување на сетилата со кои ќе препознаете колку и дали се работи на намалување на загадениот воздух. Проблемот е ист, изворите на загадување слични а решенијата прилично универзални и екологични.

Накратко, Париз планира во следните 5 години да ги намали своите загадувачки емисии за 25%, почнувајќи со почист транспорт, кој сега е презаситен со дизел автомобили кои создаваат големи количини на PM честички штетни за здравјето на луѓето.

Електричен транспорт, велосипедска „критична маса”, дупло повеќе велосипедски патеки, велосипедски автопат, ниско-емисиони зони за возење, соларна енергија, геотермална енергија, многу повеќе зеленило, урбано градинарство на покриви… Работи кои не се само планови туку се прават сега.

п.с. заменик градоначалникот што се вози на точак е Кристоф Најдовски, по потекло од Македонија. (имаше едно интервју за скопската воздушна ситуација на следниов линк)