Големо браво за „Хабитат за човештвото” во Македонија

Видеово од “Habitat for humanity” ни го разубави денот, потсетувајќи нè на нивната мисија низ светот и кај нас во Македонија…

Се работи за обновувањето на постарите згради кои кај нас во Македонија ги има многу. Целите згради добиваат поголема енергетска ефикасност, намалени сметки за греење и секако многу поголем комфорт за живеење, (башка и воздухот помалку се загадува!).

Досега животот им се подобрил на 1100 наши фамилии со помош на “Хабитат за Човештвото” а има уште околу 100 илјади станови низ Македонија на кои е потребна ваква акција

Сторија која вреди да се погледне…