Гитарите на Гилмор донирани во заштита на животната средина и ефектите од затоплувањето

Еден од најпознатите гитаристи и музичари на светот, Дејвид Гилмор кој своевремено беше главната гитара и основата на бендот Пинк Флојд оваа недела на аукција ja распродаде својата колекција на гитари, а парите ги донираше во непрофитабилни организации за заштита на животната средина и справување со глобалното затоплување. 

126-те гитари на Гилмор минатата недела направија своевиден рекорд собирајќи 21.5 милиони долари на аукција спроведена во Њу Јорк. 

На аукцијата беа изложени скоро сите музички инструменти со кои музицираше големиот Гилмор за време на неговата долга кариера во Пинк Флојд, а едно од најпознатите парчиња беше таканаречениот „Црн Страт” – Фендер Стратокастер со кој е свирени најпознатите албуми на Флојд – “The Dark Side of the Moon,” “Wish You Were Here,” и “The Wall.”

Гитарата на почетокот беше предложена на 100.000 долари но достигна рекордна сума од скоро 4 милиони долари со што стана најскапо продадена гитара во светот. Купена е во 1970 година во Њу Јорк, а оттогаш на Гилмор таа беше главниот избор за музицирање. 

Глобалната климатска криза е најголемиот предизвик кој човештвото го има пред себе, а ние имаме само неколку години додека ефектите не станат неповратни. Се надевам дека продажбата на гитарите ќе им помогнат на ClientEarth во нивната кауза да направат реална промена со приметата на правото. Потребен ни е цивилизиран свет кој живее и работи за сите идни генерации, кога токму овие гитари ќе бидат искористени за идни музички дела.” – изјави Гилмор. 

Сите 21.5 милиони долари собрани од ауцијата на која беа продадени 126 парчиња оппрема, Гилмор ги донира на непрофитабилната организација КлиентЕрт ClientEarth кој работат на проблемите со глобалното затоплување најмногу преку правни акции. 

 „Би сакал да изразам длабока благодарност до Дејвид Гилмор за неговиот исклучителен подарок. Дејвид има долга историја во поддршка на хуманитарни акции, и јас сум почестен дека го одбра ClientEarth за оваа поддршка. Нашата организација работи низ целиот свет и го користи правото во борба со климатските промени и заштитата на животната средина, а овој подарок ќе биде од огромно значење за нашите напори да обезбедиме одржлива планета за нашите идни генерации.” – изјави Џејмс Торнтон од директорот на ClientEarth. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија