Наслов

Гевгелија на референдум во недела!

Поддршка за Гевгеличани да си ја одбранат прекрасната Кожув планина и да не дозволат од рајска убавина, планината да им постане пандемониум!

Во недела Гевгеличани ќе се изјаснат на референдум дали ќе си ги зачуваат прекрасната природа, чистите води, богатите шуми и биодивирзитетот на Кожув планина или ќе дозволат планината да им се претвори во отворен рудник каде се користи огромни количества цијанид, отров кој убива секаков жив свет.

Сите кои познавате некого од Гевгелија или Гевгелиско, сега е последниот момент да ги контактирате и да разговарате со нив за референдумот во недела. Кожув планина е една од најубавите планини во Македонија која им дава огромни природни богатства каква што е, природна, чиста и преубава. 

Доколку се овозможи експлоатација на планината и се претвори во огромна дупка во која се користат огромни количества на цијанид, не само што ќе ги изгубат природните богатства кои ги добиваат од планината, туку ќе добијат и огромна токсична прашина, огромни количества цијанид кој убива се што е живо и ја уништува плодната почва.

Не се викаат "Рудниците на смрта" за џабе! Токму ваков рудник за злато во Романија во 2000та година бил причината за најголемата еколошка катастрофа по Чернобил. На 30-ти Јануари 2000-та година, обилни врнежи предизвикале оштетување на брана која била близу рудникот Баја Маре. 100.000 m³ вода да го поплавила рудникот и со него однела околу 100 тони тешки метали и натриум цијанид, во близина на реката Дунав.

Отровот се пренесол по течението на Дунав, предизвикувајќи хаварија во неколку држави. Водата за пиење станала отровна, жителите од околината на реката избегале за да се спасат од смртоносниот отров кој брзо го уништил целиот жив свет во и околу реката.

Германскиот бенд Рамштајн имаат песна со име "Donaukinder" (децата на Дунав) токму за оваа несреќа. 

Веруваме во Гевгелија и сме убедени дека референдумот ќе биде со огромно мнозинство против било какви рудници на Кожув! 

21 Април 2017

За авторот