Наслов

Фото натпревар за холандско-македонски природни врски

Ако имате страст за фотографирање и уживате во фаќањето на моментите од секојдневието без разлика дали професионално или аматерски го правите тоа, Холандската амбасада дава можност да добиете велосипед како прва награда или фото камера како втора и трета награда.

Фото натпреварот го носи насловот "Природни врски" и е во склоп на националниот ден на Холандија - King's Day. Холандската амбасада по тој повод бара слики кои се фотографирани во Македонија и кои потцетуваат на Холандија, дали преку бои, форми, животен стил или било каква сличност која поврзува со Холандија.

Фокусот е насочен кон фаќање на природните врски помеѓу двете држави во областите на одржливите животни стилови и животната средина.

Фото - ©Embassy

Кајниот рок за праќање на фотографиите е 16ти Април, а потоа ќе следува избор на најдобрите 10 фотографии кои ќе бидат испечатени и прикажани на 27ми Април, за време на рецепцијата за националниот ден на Холандија, King's Day.
Сите 10 победници ќе добијат покана за рецепцијата на 27ми Април и специјални награди. За најдобрите 3 фотографии следуваат посебни награди како велосипед (1ва награда) и фото камера (2ра и 3та награда).

За подетални информации како да се вклучите во сликање на Холандско Македонските природни врски кликајте на официјалниот линк на Холандската амбасада, каде можете да ги прочитате сите потребни детали.

p.s. Побаравме на нет неколку примери за да се соживееме со холандската култура и начин на живеење па ако сакате прегледајте ги видеата можеби ќе фатите некоја природна врска од секојдневието за сликање.

Зошто холанѓаните возат велосипеди?

Холанѓанство - Документарец за холандскиот дизајн

07 Април 2017

За авторот