Наслов

Есенски подвизи за бендисување

Замисли си трансформација од тотално загадувачки индустриски град во главен зелен град на цел континент. Тешко е да се замисли? Баш тоа е сторијата на главниот зелен град на Европа за 2017-та, кој се вика Есен.

Есен во минатиот век бил домаќин на најголемиот индустриски комплекс за јаглен во светот, каде јагленот се ископувал, се чистел и се користел за енергија во топилниците за железо. Реката која минува низ градот во минатиот век била како канал за отпадна вода, толку загадена што жителите не се ни осмелувале да бидат блиску до нејзините брегови.

Есен во 21-от век е тотално тренсформиран во еколошки здрав и чист град, комплексот за јаглен сега е само музеј, реката во градот е вратена во својата природна состојба, а било какви филтрирани отпадни води кои градот ги создава имаат подземен канал за истекување кој воопшто не се поврзува со природната околина.

Повеќе од половина од површината на градот или 54% не е бетонирана туку природна здрава шума. Како главен зелен град на Европа за 2017та, Есен има одличен квалитет на воздухот што се должи на строгите стандарди и големата енергетска ефикасност. Старите железнички пруги кои се протегаат низ целиот Рухр регион (густо населен регион со вкупно 9 мил. жители) се претвараат во велосипедски патеки долги по 100 километри. а секако, отпадот си го менаџираат и третираат квалитетно со сите правилни стандарди и однесувања.

Најголеми виновници за оваа трансформација се самите жители и нивната свесност и способност да ги прифатат промените и да ги променат нештата кон подобро.

За сите кои сакате да дознаете повеќе за трансформацијата на градот, како и за нивната холистичка стратегија на зелено развивање, бујрум кликајте тука - нивниот план за следните 15 години.

13 Септември 2016

За авторот